Бизнисменот Владимир Стаиќ, сопственик на компанијата “Супертрејд”, јавно, на Фејсбук, обелодени дека бил жртва на едниот од двајцата осомничени во случајот “Рекет”. Тој очекува надлежните органи да постапат според законот и против сопствениците на некои портали и против некои новинари, кои се однесуваат на ист начин како и осомничените во аферата “Рекет”.

Стајиќ не прецизира кој и како го рекетирал, но најавува дека деновиве ќе најде начин да воспостави комуникација со Јавното обвинителство во интерес на вистината.

Стаиќ вели дека неговата компанија постои од 1991 година како успешен семеен бизнис и е во негова стопроцентна сопственост. Тој ги отфрла сите шпекулации за било каква бизнис поврзаност, за што се шпекулирало, како што вели, во нарачани текстови. Во врска со лажните наводи на Миленко Неделковски за дел од неговиот имот, Стајиќ најавува тужба за клевета.

Сопственикот на “Супертрејд” очекува надлежните органи да постапат според законот и против сопствениците на некои портали и против некои новинари, кои се однесуваат на ист начин како и осомничените во аферата “Рекет”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.