Во врска со барањето на опозицијата за формирање на експертска влада, гледајќи ја ситуацијата во која се наоѓаме мислам дека тоа би било најдобро решение, смета сопственикот на Лајм, Фејзи Хајдари.

Ако ние се уште не сме свесни дека во Македонија треба треба да се случи една голема промена, германците се веќе свесни и увидоа дека недостасува една унифицирана опозиција. Резултатите од последните избори докажаа дека опозицијата не беше слаба, туку партиите на власт беа тие кои заедно ја склопија или „курдисаа“ таа победа на изборите. И затоа оваа иницијатива на Конрад Аденауер, според мене, е сосема на место и е мислам дека многу потребна во моментот, бидејќи на опозицијата конечно и е потребна една хармонизација за да води една заедничка битка против власта. Меѓутоа, ваквата соработка бара еден поголем потенцијал, енергија, стратегија и дај боже ова да биде почеток за да пренесат порака дека никој не останува вечно на власт, истакнува Хајдари во коменатрот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.