Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција посочи дека на заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник, Бисер Јорданов Михајлов и истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија, Младен Христов Петров им биле предадени материјалите поврзани со истрагата за автобуската несреќа во Бугарија.

– На бугарските обвинители им ги предадовме ДНК анализите, записниците на oсум сведоци, предметот од министерството за транспорт и врски за лиценца на „Беса Транс“, како и комплетните документи на „Беса Транс“ и документацијата што ја поседува МВР, изјави Јовески.

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител информираа обвинителите на прес-конференцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.