Оливер Спасовски во вечерашното гостување на телевизија „Канал 5“ на прашањето дали ќе се направат некакви исклучоци за сопствениците на домашни миленици за време на полицискиот час за викенд, рече дека мерката за полициски час треба да се почитува од сите, а граѓаните да се организираат во согласност со неа.
Мерката треба да се почитува од сите граѓани, и врз основа на мерката секој треба да се организира. Исклучоци не можеме да правиме, се знае како се однесува во вонредна сосотојба. И сите ние треба да се организираме во согласност со одлуките, рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.