Сопругот на Мерсиха Смајловиќ, функционерката на СДСМ која на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ѝ порача да си стави Давидова ѕвезда, е екстрадиран за терористички напад над државата Израел, открива „Лидер“.

Како што пишува порталот, Јасмин Реџепи во јуни 2010 бил депортиран од Израел во Македонија затоа што бил затекнат на бродот „Мави Мармара“ кој вооружен сакал да изврши напад врз Израел. На бродот тој бил затекнат заедно со уште двајца македонски државјани, Сали Емин и Сеад Асипи. Сопругот на Мерсиха, заедно со своите сопатници влегува во судир со израелските војници кои се обидуваат да го спречат овој терористички брод кој го напаѓа Израел. За ова постојат и снимки.

За нападот кој го врши Јасмин Реџепи, инаку активист на СДСМ исто како и неговата сопруга, тој се наоѓа на црната листа на неколку западни земји во кои му е забранет влез. По доаѓањето на Зоран Заев на власт, тој е дел од нашата администрација.

Повеќе во видеото:


Извор: Лидер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.