Двајцата поранешни министри, сега осомничени за организација на крвавиот четврток, првиот ден од притворот биле нападнати од притвореници во затворот Шутка. Инцидентот се случил попладнево за време на прошетка во кругот на заворот. Миле Јанакиески со повреди на главата и на раката е префрлен во воената болница, а Спиро Ристовски е сместен во затворскиот стационар со повреди на носот и на аркадата. Се утврдува дали има скршеници.

Сопругите на двајцата поранешни функционери кои се нападнати, за Телма изјавиле дека инцидентот покажал дека не се безбедни и велат дека се сериозно загрижени за нивниот живот.

Според она што го слушнале од нивни информации, Сања Јанакиеска и Маја Ристеска објаснуваат дека припадници на групата од Диво Насеље кои се во Шутка првин го нападнале Јанакиески, а Спире Ристоски се обидел да му помогне, но и тој бил нападнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.