Судијката Лорета Георгиева од Струмица, сопруга на директорот на комуналното претпријатие во градот и десна рака на Зоран Заев како што и најави ВМРО-ДПМНЕ пред само неколку дена, влезе во судскиот совет, пишува „Сведок“.
Од штипското подрачје, каде што имаше 5 кандидати, очекувано победи судијката од Струмица Лорета Георгиева, сопруга на Зоран Георгиев, советник на градоначалникот на Струмица, и двајцата пријатели со премиерот Зоран Заев.
На гласините за поставувањето на Георгиева пред некој ден алармираше и ВМРО- ДПМНЕ.
За жал гледаме дека последните две години судството е многу далеку од европските стандарди, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша во изборот на Судскиот совет, но сепак потребно е да се дојде до одговор дали нечиј фаворит е избран и дали изборот е завршен, и отворено ќе прашаме дали судијата Лорета Георгиева од Струмица е главниот фаворит за судскиот совет, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека со оглед на сите претходни оценки за клиентелистичкото Кацарска судство и нарачаното Рускоска обвинителство мора да се каже дека нема партијата да биде слепа во тоа што се случува и затоа прашува дали изборот кој што ќе се случи во понеделник не е завршен предвреме.
Ова е само надоврзување на скандалот во врска со Судскиот совет од Гостивар, каде од изборот на Зоран Теофиловски, судија од Гостивар и зет на сестра на екс претседателка и 12 години член на Судскиот совет, Александра Зафировска, за нов член на Судски, на местото на негова роднина, односно неговата балдза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.