Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска го посети Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ во Штип кадешто присуствуваше на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

На настанот поздравно обраќање имаше директорот на училиштето, Тони Петрушев, додека учениците подготвија пригодна едукативна и културно-уметничка програма и преку рецитали, драматизација и различни жанровски музички нумери го одбележаа овој ден.

Државното средно училиште за образование и рехабилитација „Искра“ од Штип повеќе од три децении го остварува воспитно-образовниот процес преку изведување на современа и ефикасна настава прилагодена за индивидуалните способности на секој ученик, а овозможува и квалитетни услови во ученичкиот дом за сместување и реализација на воспитната работа.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост во земјава се одбележува со организирање на разни видови на настани чија главна цел е да се зголеми свеста за подобро разбирање на лицата со попреченост и подобрување на состојбата со нивните права при што акцентот се става на подигнување на свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со попреченост во секој аспект од животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.