Сања Јанакиески, сопругата на ексминистерот Миле Јанакиески, во зијава за Сител потврдува дека Јанакиески бил претепан во затворот во Шутка.

Адвокатите ме известија дека дозначе дека настанала тепачка со некој од членовите Диво Насеље, во која се приклучиле и други лица. Бил нападнат Миле, а во одбрана се приклучил Спиро Рисовски и настанала поголема тепачка. Не знам ништо детално, освен дека во моментов се наоѓа во болница. Се работи за повреди на главата, контузии. чекам адвокатите да ми се јават. Загрижена сум за безбедноста на сопругот, како се да е излезено од контрола… А мерките за куќен притвор ги почитуѕваше максимално. Загрижена сум и вознемирена, вели во изјавата Сања Јанакиески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.