Републичкото Јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција непречено функционираат и продолжуваат активно да постапуваат без разлика на поведените дисциплински и други постапки против поединци, информираат од Јавното обвинителство на Република Македонија.

За тоа кој обвинител ќе ги преземе работите додека трае суспензијата на обвинителката Вилма Русковска, од ЈОРМ за МИА велат дека тоа ќе биде согласно годишниот распоред.

Со Решението за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител, наведениот јавен обвинител е задолжен сите предмети и ствари со кои е задолжен да ги предаде на јавниот обвинител кој со годишниот распоред треба да го менува. Сите предмети ќе бидат времено рaспоредени кај друг надлежен јавен обвинител и по нив постапката ќе продолжи со несмален интензитет, се вели во одговорот од ЈОРМ.

Согласно годишниот распоред замена на Вилма Русковска е Ивана Трајчвеска, а во моментов сите итни и основни работи за функционирање на обвивнителтсво ги врши обвинителката Лиле Стефанова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.