Специјалното јавно обвинителство го добило дописот од државното јавно обвинтителство, во кое е наведено дека неопходно е СЈО да преземе дејствија за предавање на предметите.

„Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази. За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително“, се вели во соопштението на СЈО.

Одлуката на СЈО доаѓа откако Катица Јанева од притвор испрати полномоштво за помошниците-обвинители да ги предадат предметите на Јовески, а потоа со уште едно писмо ја потенцираше согласноста за таков чин. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески со допис го извести СЈО за одлуката на Јанева, по што се очекува трансфер на сите предмети во републичкото обвинителство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.