Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски, откако вчера објави дека Ивица Коневски поседувал стан и деловен простор од 350м2 во зградата кај Мајчин Дом, денеска на поранешниот министер за здравство во Владата на ВМРО ДПМНЕ Никола Тодоров му порача дека тој не го преживеал „стрелањето“, туку дека нешто друго му направиле.

Повод: Фб коментар на @Nikola Todorov-
Си преживеал атентат? Ти си преживеал атентат? И тоа ти е аргументот за ова однесување?
“Мене су сине стрељали”?
Соочи се со реалноста:
ТИ не преживеа! Тебе не те стрелаа. Тебе друго ти направија!
Затоа одеднаш ти го избришаа епитетот Доктор Смрт. А само Ти и Менгеле, тие бевте синоними за Смрт за овие деца на комунизмот.
Затоа одеднаш Тебе ти текна да повикуваш на Референдум! Еј, ти, министер во три министерства, ти да повикуваш за промена на име?
Затоа одеднаш Тебе не ти пречи сиот циркус и насилство во Собранието за уставните измени. Правник, легалист, договарач на Пржино, “ринтач” за партијата и светите букви, за Македонија, да одмолчиш?
Затоа одеднаш те нема за кажеш ни збор, за животното дело кое што ќе останеше зад тебе а ти го уништија. Знаеш и сам за што се борат политичари, да остават нешто зад себе, за сеќавање. Ти го имаше проектот Клинички да остане зад тебе. Го имаше доведен до крај- и ти го избришаа, искинаа, уништија!
Еј, сиот труд! Молчиш за тоа како стар џубокс в агол без монета! Немаш збор!?
Ама имаш за партијата, во која три години те нема!?
И те зборат, те имало во мракот, по маси, каде делиш “совети” како да се уништи партијата, да се стави некој твој, да прифати се што онаа, да простиш, баграта, го стори на Татковината и народот. И дури и награди си делел?
Е “мој” Никола. Не доживеа ти атентат. Тебе не те ни стрелаа.
Државата доживеа обезимување, народот- обезличување.
А замисли само што херој ќе беше, ти да не преживееше атентат, а државата и идентитетот да останеа одбранети?
Молчи си. А ако зборуваш, почни од тоа кој ти става монети за секоја “песна”, пишува Стоилковски на Фејсбук.

 

-Повод: Фб коментар на @Nikola Todorov-

Си преживеал атентат? Ти си преживеал атентат? И тоа ти е аргументот за ова…

Posted by Naum Stoilkovski on Friday, 24 July 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.