Сашо Тасевски, актер и поранешен директор на Драмски театар бара од опозицијата да се обедини во борбата против, според него, добро платена велепредавничка власт која од Македонците сака да направи Курди, односно народ без држава.

А бе луѓе!!!
Толку ли се мразите што барем за миг не можете да си подадете рака кога веќе сите сме соочени со една добро платена велепредавничка власт која од Македонците сака да направи Курди. Народ без држава.
Зарем не гледате до каде е ароганцијата и цинизмот на тие таканаречени социјалдемократи.
Шеќерната е шокирана што Мијалков нема да одговара пред правдата. На она другарчето на Боки, кое е двоцевка по националност, му дошло да се жени, па се фали дека и купил дијамантски прстен на невестата. Мила од Хелсинки носи шалчиња од 300 евра. Министри купуваат мерцедеси од 150 000 евра. Еј во оваа сиромаштија овие на власт веќе немаат ни срам ни перде да се потсмеваат со нас со нивната благосостојба.
Притоа ја понижуваат државата и Македонците каде стигнат. Го туркаат планот за поделба на Македонија во завршна, терминална фаза.
И вие луѓе, опозиционери, уште се јадете меѓусебе како кучиња. Кој го љуља Апасиев!!! Апасиев сељак!!! Мицко кретен!!! Стефче идиот!!! Овој ваков, оној онаков!!!
До кога бе?
Додека велепредавниците од СДС-Пазарџик, не не шитнат за кикирики?
Стварно ми е преку глава да ве гледат како се давите, додека двоцевкине купуваат дијамантски прстени и ни продаваат приказни за идиоти од типот: Што е важно кој си и што си кога ќе влеземе во ЕУ!
Аман бе луѓе! Зарем толку лесно ќе клекнеме разни “згрешени” да ни ја пресечат главата, да ни мочаат на историјата, да ни го замолчат јазикот?
Дајте излезете од хипнозата, испушете едно луле на мирот додека ги исшутираме велепредавнициве од власта, па после колете се пак. Јас ќе ви ги наострам ножевите.
Нека нема повеќе Мицко е ваков, Апасиев онаков, Стевче уште поонаков. Барем година- две да бидеме сплотени во тупаница, додека со неа не го столчиме злото пред нас, пишува Тасевски на Фејсбук.

А бе луѓе!!!
Толку ли се мразите што барем за миг не можете да си подадете рака кога веќе сите сме соочени со една…

Posted by Sasho Tasevski on Saturday, 16 January 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.