Преку инсталирање камери на опремата на самите полициски службеници, Министерството за внатрешни работи ќе ги следи евентуалните неправилности во сообраќајот и истовремено ќе го минимизира влијанито на човечкиот фактор.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакнува дека само тогаш кога нема да има влијание на човечкиот фактор, ќе има најдобри резултати во работата на полицијата, ќе нема селективност и ќе има добра транспарентност.

Јавноста веќе е информирана дека собраќајната полиција во Скопје и во Тетово веќе ќе почне со користење на боди камери (камери на тело) на секој еден полицаец и на тој начин да имаме еден поинаков пристап и на граѓаните и на полицајците. Ваков пилот проект имавме во автопатската полиција. Таму веќе немаме ниту една поплака од кој било граѓанин, ниту пак од полицаец заради тоа што преку камерите, преку снимањето на сето тоа што се случува за време на контролата имаме целосен увид во состојбите и тоа е добро и за полициските службеници и е добро за граѓаните – изјави Спасовски, нагласувајќи дека овој проект се очекува да се интезивира во наредниот период.

Спасовски најави дека измените за Законот за безбедност на собраќајот моментно се во собраниска процедура.

Сите законски промените што ќе треба да се направат ќе се направат се со цел да се овозможи да имаме функционална употреба на камерите и тој систем даде резултати во пракса. Секое законско решение што пред се значи заштита на личните податоци ќе биде испочитувано до максимум. Тоа ќе биде вклопено во целиот тој систем. На основа на тоа ќе биде и инсталирањето – изјави Спасовски.

Тој додаде и дека крајна цел на МВР е да имаме функционален систем и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.