Наставниците бараат зголемување на платите од 25%, во спротивно во понеделник нема да почне учебната година.

Министерот Арбр Адеми, пак, апелира до наставниците да се подготват за настава бидејќи на 2 септември учениците ќе одат во училиште. Тој добил информација од СОНК дека предупредувачки штрајк значи дека наставниците ќе дојдат на работа но нема да одржуваат настава, што според министерот значи дека и учениците треба да дојдат на училиште. Уверува дека се друго ќе реши за да го подобри статусот на вработените во просветниот сектор, но во меѓувреме учениците, а особено првачињата треба да бидат на настава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.