Претседателот на СОНК, Јаким Неделков со претставници од Синдикатот пристигна во Владата, каде ќе одржи средба со премиерот Зоран Заев и министерот за образование и наука, Арбер Адеми. Средбата ја најави премиерот Заев вчера на седницата за пратенички прашања во Собранието, а е една од последните шанси да се постигне договор помеѓу СОНК и Владата пред најавениот генерален штрајк, кој доколку нема позитивен исход од преговорите, ќе почне на 15 октомври.

Синдикалците најпрво бараа покачување од 15%, но откако од Владата понудија 10% покачување на платите во образованието, кое би почнало од април, Неделков на прес конференција најави дека предлогот се прифаќа, но доколку покачувањето наместо од април почне од јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.