Советниците од редовите на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на општина Куманово на последната седница на своите лаптоп-компјутери залепија сонциња од Кутлеш, потег кој наиде на осуда од претседателката на советот.
Ни ставате на товар дека целиот овој Совет, јас како одговорна и градоначалникот и општинскиот имот го кршиме законот и ќе го сметам за намерно нарушување на редот и провокацијата тоа што на вашите службени лаптопови сте го истакнале симболот на знамето кое веќе не важи и кое е со закон забрането за употреба на јавни места, истакнала претседателката на Советот, Атина Мургашанска која ги повика надлежните органи да поведат прекршочна пријава за ваквото “прекршување“.
Има исклучива забрана за знаме со овој симбол. Ако стои српско знаме, знаме на Република Србија или на Република Албанија, не ни е обврска, ама не е забрането, додала Мургашанска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.