Поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, одговарајќи на прашање реше дека не комуницирал со Спиро Ристовски и Миле Јанакиески за време на протестите на „За заедничка Македонија” за нивно организирање или поддршка, како и дека немал потреба ниту да комуницира со нив, бидејќи тие тогаш немале никаква функција во партијата.

– Никогаш како градоначалник, ниту ми било поставено прашање за поддршка и учество на протестите. Јас лично никогаш не сум бил на тие протести, а никогаш како градоначалник ниту сум го поставил тоа на вработените во општината, тоа си било нивна лична граѓанска одлука, изјави Митровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.