Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) ја поздравува одлуката на Владата на Република Северна Македонија и на Министерството за здравство, за уништување на заостанатите количини на инсулини кои се чувале во Бирото за стокови резерви, а биле набавувани со Законот за паралелен увоз.
Ваквите одлуки, како што посочуваат од Сојузот, треба да продолжат се до уништување на последното инсулинско пенкало кое е со сомнителен квалитет од времето на паралелниот увоз.
Од Сојузот изразуваат благодарност до Министерството за здравство за тоа што конечно лицата со дијабетес 123.850 во нашата држава, можат да бидат сигурни во квалитетот на инсулините кои се набавуваат со гаранција за квалитет на истите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.