Станува ли сега појасно кој го купуваше и го одгледуваше белиот коњ на кој ќе дојде ВМРО ДПМНЕ?
Тие што предупредувавме и бевме предмет на најпримитивни напади?
Или сепак двоецот кој до неодамна раководеше со државата и со СДСМ па откако сфатија дека бродот тоне го напуштија во обид да сочуваат малку стара слава и тивка моќ, пишува во статус на Фејсбук Софија Куновска, поранешна членка на СДСМ, која беше претседателка на Градската организација на партијата.

Што оставија зад себе? Институции во распад, презадолжена држава, неефикасна администрација, скоро непостоечки образовен систем, девастирана култура, јадно здравсво, надворешна политика без компас.
Згора на се, сеуште заднински држат состаноци, (и тоа не во партиското седиште туку замислете во влада) кадровски располагаат скоро целосно со првите луѓе во државноит апарат, иако за воља на вистината освен ползата што ја влечат за своите “бисаѓи”, се плеткаат како муви во маштеница.
Не, не заборавив на првиот бел коњ. Тој му го подарија пред 5 години на ДУИ, пишува Куновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.