Со задоцнување од еден час, започна седницата на чиј дневен ред е и гласањето на законот за јавно обвинителство.

Сепак, спикерот Талат Џафери ја прескокна таа точка и премина втората точка на дневен ред, а тоа се измените на Законот за советот на јавни обвинители.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби на прес конференција во Собранието, најави дека гласањето за Законот за Јавно обвинителство, ќе биде утре.

Веќе не се преговара, оние кои ќе гласаат за дво-третински закони ќе гласаат, јас се надевам дека Беса и Алијанса за Албанците ќе го променат своето мислење и ќе дадат глас за Законот за Јавно обвинителство, за да не дозволиме било какво оправдување од страна на земјите од Европската Унија. Сите сме се изјасниле дека ќе ги поддржиме Законот за ЈО и Законот за одбрана. Се надевам дека утре сите оние кои сакаат европска Македонија утре ќе се поредат и заедно со нас ќе гласаат – рече Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.