Седница на која треба да биде избрана Владата на мандатарот Зоран Заев е закажана за во сабота во 11 часот. Заев денеска до претседателот на Парламентот Талат Џафери ја достави програмата за работа и предлогот за состав на Влада.

Рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефиканса и одговорноа влада која ќе ги гарантира стратешките определби односно членство во НАТО и ЕУ, добри меѓусосетски односи, справување со корона кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава, модерно образование и стабилни институции.

Со мене денеска се 19 министри и министерки. Сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред секој ден, секој час, дека ќе работиме уште повеќе и уште подобро и дека ќе побараме од секој од вас, од секој граѓанин уште поголемо учество, рече Заев.

Според него, програмата за работа на Владата во целост ја отсликува посветеноста на сите политички партии кои се дел од коалицијата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелно прочистување на судството и проверка на потеклото на имот и пари на сите функционери.

Покрај Заев како премиер, во новата коалициона ќе бидат:

Љупчо Николовски – вицепремиер

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Венко Филипче – министер за здравство

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Бојан Маричиќ – министер за правда

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика

Ирена Стефоска – министерка за култура

Горан Милевски – министер за локална самоуправа.

Предизборниот коалиционен партнер БЕСА, го добива ресорот земјоделство, каде влегува Аријанит Хоџа. Од ДУИ предложени се

Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем

Фатмир Бесими – министер за финансии

Бујар Османи – министер за надворешни работи

Крешник Бектеши – министер за економија

Насер Нуредини – министер за животна средина

Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација

Владината коалиција што ја сочинуваат СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, во Собранието има парламентарно мнозинство од 62 пратеника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.