За денеска попладне во Собранието е закажано продолжение на собраниската седница на чиј дневен ред, меѓудругите, се и измените и дополнувањата на Законот за одбрана.

На седницата, освен овој закон, на дневен ред има уште триесетина законски решенија, меѓу кои и измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, за кои се поднесени неколку илјади амандмани.

За донесување на измените и дополнувањата на Законот за одбрана треба да биде обезбедено двотретинско мнозинство.

На дневен ред на оваа седница, меѓудругите е и дополнетиот предлог закон за Академија за судии и јавни обвинители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.