Собранието склучи договор за набавка на 100 лаптопи.

Станува збор за моделот „HP EliteBook 735 G6 Notebook PC“, а според условите на набавката, еден лаптоп чини 56.445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ.

Договорот е склучен со ИТ-компанијата „Неоком“, која е должна во рок од 60 дена да ги испорача лаптопите. Тие потоа треба веднаш да бидат приспособени за работа и на секој од нив на декстопот да има документ со упатство за користење.

Стоте компјутери Собранието ги добива во период на корона-криза, кога власта и опозицијата се натегаат околу тоа дали парламентот треба да работи онлајн, откако тројца пратеници беа позитивни на Ковид-19.

На прашање на „360 степени“ за што се набавени лаптопите, службите што ја спровеле набавката велат дека се работи за средства добиени од донација.

Во членот три од Договорот со „Неоком“ пишува дека средствата се обезбедени „преку Договорот за реализирање на финансискиот придонес во рамките на Програмата за поддршка на парламентот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.