Претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа 135. седница  за денеска во 13 часот. На дневен ред освен Предлог-законот за ЈО е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.

На веб-страницата на Собранието за денеска со почеток во 14 часот е закажана седница на Комисијата за надворешната политика. Пред членовите на оваа Комисија ќе бидат претставени платформите за дипломатски активности на амбасадорите на нашата држава во Косово, Албанија, Катар, Кралството Данска, при Мисијата на Обединетите Нации во Женева и при Мисијата во Советот на Европа, Стразбург.

За утре е закажана 137. седница на Собранието со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за распуштање на Собранието, поднесен од Талат Џафери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.