Собранието ќе ја одржи 126 седница

Македонија 23.01.2020 / 9:37

Собранието ќе ја одржи 126-та седница на чиј дневен ред е Предлог – програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година.

Пратениците ќе расправаат и по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за семејството, на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и на Законот за еднакви можности на жените и мажите, сите по скратена постапка.

На дневниот ред се и предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување на Законот за вработување на инвалидни лица, по скратена постапка.

На оваа седница треба да се дискутира и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од вознемирување на работно место и по Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка.

Пратениците ќе се изјаснуваат и по предлог – законите за изменување на Законот за практиканство, на Законот за акцизите, на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица и на Законот за градење, како и за Предлог на закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, сите по скратена постапка.

И Предлог на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка е на дневниот ред на собраниската седница.

На денешната собраниска седница се и поголем број предлог-закони за измени и дополнувања од финансискиот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.