Собранието денеска треба да ја одржи седницата на чиј дневен ред ќе биде изборот на составот на работните тела на Парламентот, а потоа верификацијата на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Составот на работните тела помина и на седница на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, на која беше потенцирано дека бил постигнат консензус меѓу сите пратенички групи во Собранието.

На оваа седница нема можност за други точки на дневен ред, бидејќи материјалите треба да поминат на комисии. Во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната состојба од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.