Собранието денеска треба да расправа за новите министри предложени од страна на премиерот Зоран Заев.

Според предлогот, Трајан Димковски треба да биде нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хисни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Обврската Министер за финансии ќе ја преземе лично Заев, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

Нема временски рок колку треба да трае расправата и се очекува жестока дебата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.