Тезите на СДС и ДУИ, дека уставните измени би можело да се направат, по примерот во Хрватска, ВМРО-ДПМНЕ ги гледа како добро решение. Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во нејзе, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Еве како би изгледал македонскиот устав, ако би се земал хрватскиот модел во предвид: “Република Македонија се установува (воспоставува) како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН” ВМРО-ДПМНЕ бара во насока на широкото толкување на уставот и деталниот карактер доколку се прифати моделот Македонија од мултиетничка да стане унитарна држава, само тогаш да се впишат сите малцинства регистрирани согласно последниот попис. Актуелната преамбула која би се менувала гласи: “Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи…, велат од партијата.

Од таму додаваат дека СДС и ДУИ не би требало да имаат против устав на земја членка на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.