Со ум во антикорупциски бум“ е мотото врз основа на кое ќе се подготвува петгодишната Национална стратегија за борба против корупцијата.

Имаме тешка борба пред нас и не е само Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) таа што треба да се бори против корупцијата, одговорноста е на сите граѓани во оваа држава, порача претседателката на Антикорупција, Билјана Ивановска.

На денешната работилницата за изработка на Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси таа потенцира дека е потребно да се јакне свеста кај луѓето дека никој никому ништо не должи, но и да се јакне совеста кај одговорните луѓе дека никој за ништо не им е должен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.