Со положена улилишна матура нема да се прифаќаат документи за упис на факултет туку само со државна матура, како што наложува Законот за високо образование, дециден е министерот за образование и наука Арбер Адеми откако група матуранти собираа потписи да се направи отстапка оваа година зашто не биле информирани дека со законот државната матура е единствено прифатлива да продолжат во високо образование.

Законот кажува дека само со положена државна матура средношколците може да стекнат статус на студент. Во вакви услови од нас се бара доследно да ги применуваме законските прописи и тие мора да се почитуваат. Постојано зборуваме дека бројот на студенти е огромен. Јавноста со право критикува што правиме и каде одиме. Целта е да предивидиме строги критериуми за запишување на факултет. Секој средношколец се запишува на факултет, секој завршува факултет. Се залагаме да ги зацврстиме условите за стекнување на статусот студент, но и за дипломирање во високото образование, додаде Адеми на прес-конференција која беше посветена на почетокот на новата учебна година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.