Со 115 гласови „За“ Собранието на  Македонија едногласно го изгласа петтиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите погодени од Ковид-19.

За нив како што ветија поддршка дадоа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, претходно за да се направи кворумот за почнување на првата од двете денешни седници мораа да присуствуваат и двајца пратеници од владејачкото мнозинство кои се позитивни на коронавирусот, а кои во скафандери и во посебна просторија гласаа за законите на денешниот дневен ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.