Со само 62 гласа , Собранието го усвои Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи во април годинава. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата за гласањето и најавија дека ќе собираат потписи од граѓаните за поништување на овој закон.

Како што и се очекуваше власта го усвои овој закон кој предизвика многу критики.

Најпорно е  тоа што не се знае како ќе одвива самиот процес на попишување. Дали во моментот кога  попишувачите ќе дојдат во домот ќе се регистираат членовите на домаќинството кoи во моментот се присутни или еден од семејството ќе може да ги издиктира матичните броеви на останатите кои можеби живеат во Македонија а можеби и одамна се иселени. Сето тоа остава голем простор за сомнеж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.