В.Д. шеф на СЈО, најверојатно, би се назначил од обвинителите во редовното обвинителство, а не од оние во СЈО. Ова го навести претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали крајот на мандатот на Јанева значи и крај на мандатите на сите обвинители во СЈО.

Член 9, став 4 вели дека мандатите на јавните обвинители не можат да го надминат мандатот на јавната обвинителка. Што значи тоа, кога ќе имам причина да зборувам и ако некој оцени дека е релевантно моето мислење, ќе го кажам тоа. Преведено, ова би значело дека со разрешување на Јанева, би им престанал мандатот во СЈО на сите други помошници – обвинители: Елизабета Јосифоска, Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Бурим Рустеми, Стевчо Донев, Љубомир Лапе. Тие би требало да се вратат во обвинителствата од кои дојдоа во СЈО. Дали новиот в.д. шеф на СЈО ќе може да состави нов тим, па дури повторно да ги предложи за избор до Советот истите десетмина обвинители, засега е отворена дилема, вели Штерјев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.