Се јавува анонимен глас во некој трговски центар и вика:

– Во молот имате бомба, ќе има жртви.
Полицијата го наоѓа јавувачот и го апси.

Тој вели: – Ама јас се шегувам.
Е, вака некако изгледа правдањето на истите кои повикуваат да се шкртаат изборните ливчиња, вели Владимир Неловски, коментирајќи ги последните обиди за измама на граѓаните од страна на политичките партии.

Нелоски потсетува дека имаше ваков случај кога обезбедување на трговски центар пријави бомба на шега, па беа уапсени и си заглавија за „шегата”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.