Република Македонија официјално стана Република Северна Македонија на 12 февруари 2019 година, но тоа не е пречка за првиот универзитет во Македонија Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје да го „посевери“ и минатото.

На интернет-страницата на УКИМ освен што е променет називот на дрѓавата, променето е името на конференција која се одржала на 16 и 17 јуни 2018 година.

– Тема на лингвистичка секција: „ Статусот на македонскиот јазик во и надвор од границите на Република Северна Македонија“, координатор: проф. д-р Татјана Гочкова-Стојановска  

Професори од УКИМ и од Институтот за македонски јазик „Крсте петков Мисирков“ реагираат за „посеверувањето“ на минатото.

Александра Ѓуркова од Институтот за македонски јазик прашува дали следниот чекор е менување на насловите на статиите.

Драги УКИМ (BIG Brother), најстар универзитет, quo vadis? Држава без слободна наука не е демократска! Политиката си е политика, но науката нека ја остават настрана од политиката! Во ова дотраено, орвеловско општество почнале ретроградно да менуваат наслови со РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! 
http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=37&glavno=34
Во насловот од конференцијата јуни 2018 променето името? ЧУМУ? Сега, и насловите на статиите ли ќе ни ги менувате?
https://www.youtube.com/watch?v=2WMmuSlX83Y

Билјана Ванковска од Филозофскиот факултет констатира дека со ревидирање на минатото нè водат во иднината.

Quo Vadis? У рикверц! Со ревидирање на минатото не’ водат во иднината!

Ова се случува во време кога добивам покана да учествувам како коавтор во пишување на Енциклоипедија на Оксфорд на тема војската и политиката. Еве што ми пратија вчера:

Dear Dr. Vankovska,

Thank you for accepting Prof. William Thompson’s invitation to contribute the article “Macedonia: Troublesome Relations Among Politics, Ethnicity, and the Military” to Oxford Encyclopedia of the Military in Politics. We are delighted that you will be part of the outstanding team that is building this important reference work, and look forward to working with you on your article. We’re proposing the standard 6-month submission date, which is with a delivery date of 30-September-2019. Of course, we’re flexible and open to a suggested date that fits your schedule.

Додека надвор добиваме битки, дома ни ги сечат крилјата!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.