По реорганизацијата на полициската станица во Кичево во Одделение за внатрешни работи, кое и понатаму ќе биде под капата на СВР-Охрид, но со зголемени ингеренции, началник на полицијата во Кичево ќе Амдин Емини.

Тој е вработен во полицијата во 2000 година, во 2002 година стана заменик-командир на полициската станица во Зајас, потоа од 2003 до 2006 година командир на полициската станица во Зајас. Од 2009 година до 2013 година, Емини е заменик-командир на полициската станица Кичево, по што една година е началник на Западната гранична полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.