Реалниот живот е тежок и во Струмица и во цела Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој денеска е во работна посета на Струмица и Струмичко.

Граѓаните се соочуваат со низа проблеми, младите се иселуваат, нема нови работни места, има низа поскапувања.

Лошо ја водите работата, ја губиме државата, економијата ни тоне, народот е разочаран, луѓето се иселуваат, нема реформи. Сè што ветувте ништо не исполнивте. Ајде да седнеме, конструктивно да работиме за да можеме да обезбедиме подобар живот за граѓаните. Па, макар еве, уште една година вие биле влада. На следните избори, да презентираме пред граѓаните она што имаме да им го понудиме, па тие нека одлучат кому ќе ја дадат довербата, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изрази увереност дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе го порази СДСМ на следните, прво претседателски, а потоа и парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.