Претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вечерва од Вландово порача дека доколку со помош на валандовчани стане претседател, пред Собранието ќе се обраќа повеќпати, а ветото ќе го користи како некој кој се заколнал на почитување на Уставот и законите, зашто претседателот е таму за да го штити и да покаже дека е под Уставот, а не да го прекршува.

Со одговорна влада, претседателот може да биде совршен тим. Две усогласени глави, а не одвоени глави како сега. Две глави кои ќе бидат совршено политичко дуо, кои ќе видат сметка за националните и државните интереси, а нема тргнувајќи од личните, да бидат во постојана кавга, како сега. Иако претседателот и нема шанса дури да биде во дуел со овие луѓе кои се однесуваат како и да не постои, рече Силјановска Давкова.

Затоа, рече таа, доаѓа времето кога треба да се стави крај на безаконието, на пропадната економија, на корупцијата и криминалот, на невидениот непотизам.

Тоа е 21 април, денот кога ќе потврдиме дека и кога мислат дека сме паднати со духот, сме пред конечната одлука. Одлука да си ја повратиме слободата, да си го повратиме правото за македонија и во Македонија, заврши Силјановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.