Од Министерството за труд и социјална политика изразија несогласување со искажаните ставови на министерката Рашела Мизрахи.

Загрижувачко е слабото ниво на познавање на законите на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Со денешната прес-конференција таа уште еднаш потврди дека воопшто не го прочитала новиот Закон за социјална заштита и начинот на којшто функционираат 15 комисии. Ако Мизрахи го прочита новиот Закон за социјална заштита,  ќе дознае дека рокот за постапување за предметите за помош и нега од друго лице е 60 дена, а не еден месец како што тврди. Мизрахи во својата прес конференција се повикува на погрешен закон, а тоа е Законот за општа управна постапка.  Како за појаснување, рокот е утврден во членот 282 од Законот за социјална заштита и тој е утврден на 60 дена.

За потсетување, оваа Влада изгради децентрализирани Комисии за помош и нега од друго лице за разлика од едната централизирана Комисија којашто беше воспоставена во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и им наплаќаше 2.000 денари за поднесено барање.

Во интерес на граѓаните сега поднесувањето на барања за помош и нега од трето лице е бесплатно, а со тоа што сега функционираат 15 комисии во повеќе градови низ државата услугата е доближена до граѓаните. Ја повикуваме министерката да не наседнува на текстовите кои и ги пласираат од штабот на ВМРО-ДПМНЕ туку самата да се информира за законите и измените кои се направени, стои во демантот од министерството за труд и социјала.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.