Во 2017 година тогашниот американски амбасадор Џес Бејли ги укори членовите на Државната изборна комисија дека си поделиле бонуси од по една плата за секој месец од изборниот процес, иако веќе земаат високи плати за да ја работат работата за која што се најмени. Следеше силен притисок на јавноста, по што сите членови поднесоа оставки и ветија дека ќе ги вратат парите, но како што кажаа – не затоа што не ги заслужиле, туку за да ја смират ситуацијата.

Никој не праша дали одлуката за надоместоците е законита. Таа е донесена врз основа на член 19 став еден и два, рече тогаш членот на ДИК од СДСМ Виолета Дума.

Излегува дека сме се криеле за нешто кое ни следи по закон, додаде тогаш Субхи Јакупи од ДУИ.

И сега, два состави подоцна, членовите и службите во ДИК законски ќе примаат бонуси. Новиот Изборен законик, кој ќе се носи по локалните избори, тие ќе може да се почестат со по бонус две плати за секои избори или евентуални референдуми.

Во членот 19 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи: (3) Надоместокот од ставот (2) на овој член за претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија и вработените во стручната служба на Државната изборна комисија изнесува 50% од висината на поединечните плати за секој месец од изборниот процес, гласи предложената измена на Изборниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.