Со ниту еден глас против, Шпанскиот Сенат пред малку го ратификувше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Шпанија е 29-та последна земја-членка на НАТО што ратификуваше протоколкот. Со тоа заврши процесот на ратификација. Протоколот кај нас, пак, беше ратификуван со одложено дејство, заради распуштањето на Собранието и предвремените парламентарни избори.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера денеска во Владата заеднички го проследија гласањето.

-Изградиваме капацитети и спосовности со кои активно ќе придонесуваме во напортите на Алијансата. Нашето членство ќе значи поголема регионалан безбедност и стабилност, изјави министерот за андворешни работи Никола Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.