Официјален дочек, средба на високо ниво – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта разговараше со Премиерот на Република Унгарија, Виктор Обран. На средбата присуствуваше и потпретседателот Александар Николоски. Средбата се случи во официјална резиденција на Обран во замокот “Кармелита” каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со Премиери, Претседатели и други високи гости.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија.

Мицкоски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.