Сoпругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана, на денешното сведочење рече дека преку Зоран Милески Кичеец, Боки 13 барал да се повлекуваат текстови од портали поврзани со синот на ексшефицата на СЈО Катица Јанева.

Милески ме викна во Александар Палас и ме тераше да кружиме околу хотелот. Ми рече дека Боки е многу вознемирен за текст на порталот ‘Сведок’ во кој пишувало дека синот на Катица Јанева е вработен во 1ТВ. Му реков дека не знам ништо за тоа, дека немам време да читам портали, но тој ми рече дека морам да најдам начин текстот да биде повлечен, рече таа.

Камчева вели дека средбите со Бојан Јовановски најчесто биле во 1ТВ во неговата канцеларија, еднаш се сретнале во ресторанот Сушико и два пати во неговиот дом. Таа е децидна дека Јовановски сите упатства ги добивал од ексшефицата на СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.