На овој ден пред осум години илјадници Македонци го следеа патот на Декларацијата за независноста на Република Македонија до Музејот на македонската борба.
Актуелната власт, СДСМ, тогаш бараше државотворниот документ да биде закопан во Архивот, заборавен далеку од очи на Македонците, ова на својот Фејсбук профил го напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Столковски.

Столковски потенцира дека од кога е оваа партја на власт повеќе ја нема ниту истата возбуда за големиот празник, а истот за жал се слави во гратскиот прак кај Школка со мерење на притисок и теститање на пп апарати.

Денеска наместо прослава на плоштадот Македонија, наместо чествување на независноста со истата возбуда од 1991 година, СДСМ мери притисок и тестира ПП апарати на Школка во парк.
СДСМ прави се’ само да не биде близу Плоштадот Македонија; да не и’ го спомене името на државата; да се заборави се’ што значи Државност!

Македонија минала многу премрежиња за да дојде до Референдумот ’91. И референдумскиот пат не беше лесен, полн со притисоци, убедувања, наметнувања страв, со обиди за медиумска антипропаганда преку радиото, телевизијата, изданијата на весниците. Не успеаја. И никогаш нема да го урнат резултатот од Референдумот!

Тоа СДСМ го проба и лани, не успеаја, затоа Денов ги боли!

Не успеаја да го урнат ниту тогаш, таа ’91, дури и го фатија “последниот воз” затоа што никогаш ништо не било и нема да биде посилно од желбата, од идеалот за сопствена македонска држава во чии темели е македонската идентитетска, историска и културна посебност. Идеалот- Држава Република Македонија- заштитник, негувач и промотор на македонската идентитетска и културна посебност!

Тој вековит идеал живее и денес.
Тој вековит идеал не се гасне.

Затоа, залудно вежба СДСМ со ПП апарати на Школка; истиот тој оган на сувереноста на Република Македонија денес, посилно од било кога, пламти во секој од нас!

Честит Ден на Независноста на Република Македонија!, напиша во својата честитка за големиот македонски празник портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.