За некого важат, а за некого не мерките пропишани од страна на Владата за борба против коронавирусот.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја сподели фотографијата од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој седи на маса во друштво од десетина активисти на партијата, иако е забрането и групирање без маски, како и посета на угостителси објект на повеќе од две лица.

Потсети и за најновата афера откриена денеска:

Еве го Костадинов со другарчињата денеска чести за 6.000.000 евра рекет.
Со маски и сите протоколи нели, пишува Стоилков.

Пред некој ден без маска во просторија каде што е задолжително носење беше сликана и потпретседатлката на партијата Радмила Шекеринска:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.