Оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ против актиелната власт се вика „Црнила“, зашто, како што рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкосски вечерва од платото пред Владата, оваа власт друго и не направила.

Ќе почнам од докторите. Им ветиваа 100.000 денари просечна плата. Од тоа не добија ништо. Им ветува линеарно покачување на платите и добија симболично покчување од 5% и веднаш овој човек кој се нарекува градски татко потрча и тие пет проценти да им ги скрати, па им го зголеми паркингот во клиничкиот круг за да си ги вратат парите што им ги дадоа. Олку не лажел ни Минхаузен. Им ветуваа на матичните лекари и на стоматолозите двојно зголемена капитација, ништо не добија. Напротив, и тоа што го имаа на времето, и тоа им го земаа, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не ги заборави ниту младите кои секојдневно ја напуштаат Македонија.

Младите секојдневно си саминуваат, затпа што се чувствуваат излажани, изманипулирани, затоа што им ветуваа младинска гаранција, им ветуваа студентски град, перспектива и фер шанса за сите. Не само што не добија, туку не добија ни надеж, бидејќи овие се зафатени со промена на името и промена на индетитетот, немаат време за младите.

Мицкоски се осврна на денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека од јуни ќе ни тргнело и дека Европа е таа што ќе нè научела како.

Не, бре! Ние треба да се еврпеизираме, за да ни подаде рака Европа. Со криминалци во владата, со криминалци во јавните претпријатија кои вие ги поставите, нема Европа. Европа бара честити политичари, искрени и вредни луѓе, луѓе што работат, а не луе кои на својата нација ѝ викаат дека е искомплексирана. Нема така во Европа. Во Европа мора да сме честити и чесни, сетоа она што не сте вие, СДСМ и Зоран Заев.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.