Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уапти апел идејата за Македонија да им ја пренесеме на нашите ќерки и синови, исто како што нам ни ја пренеле нашите татковци и мајки.
Во обраќањето пред присутните сопартицци на партиската конвенција Мицкоски нагласи дека Македонија е бесконечност, линија со подеми и со падови, но на крај секогаш со победи.
И сега повторно мириса на победа! Луѓето на Македонија знаат како се сака и како се бори, како се создава и како се твори. Луѓето на Македонија заслужуваат повеќе. Повеќе правда, повеќе работа, повеќе среќа, повеќе успеси. Децата на Македонија заслужуваат повеќе шанси и повеќе можности, повеќе образование, повеќе екологија, повеќе вработувања, повеќе Македонија. Повеќе за секого е нашето мото. Повеќе убави работи. Повеќе насмевки, повеќе прегратки, повеќе другарство, повеќе почит, повеќе подобри моменти, за секого, буквално за секого. Македонија заслужува обнова. Обнова на системот на вредности, обнова во секоја сфера од нашето општество, обнова во секој град и село, обнова која носи убави нешта за работниците, земјоделците, стопанствениците, пензионерите, невработените, младите и старите, мажите и жените, сите оние кои денес заедно со нас на нозе се креваат, креваат глава гордо и високо, и се исправаат! Се исправаат за да ги исправат сите неправди, и да донесат нови победи, порача Мицкоски.
Тој се обврза на обнова која носи повеќе за секого.
Ние тоа го ветуваме и тоа ветување имам намера да го исполниме. Бидејќи не сме од денес за утре, бидејќи сакам утре пак да можам слободно, со крената глава и исправена кичма, да ве погледнам во очи и да ви кажам – ДА, ОБНОВАТА ПОБЕДИ! Нашата победа е заедничка победа. Нашата битка е и ваша битка. Македонија е нашата вредност. Нашата Кауза, нашата гордост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.