Арамиската СДСМ манипулира со припадниците на АРМ. Предлог законот за служба во Армијата кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ е во насока на подобрување на статусот на припадниците на Армијата, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ со предлог законот бара да им се овозможи на припадниците на Армијата да се пензионираат со 40 години работен стаж или со навршени 55 години, СДСМ е против тоа. Само така им се олеснува на истите и се подобрува можноста за пензионирање.

СДСМ бара исполнување кумулативно и на двата услови и 40 години работен стаж и 55 години старост, со тоа се оневозможува некој кој исполнил еден од овие услови да оди во пензија, туку треба да и ги исполни и двата. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е во насока на исправање на оваа неправда и значи подобри услови за сите.

Дополнително ВМРО-ДПМНЕ бара со новиот закон да се изврши корекција во висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал на кој од денот на формирање на Армијата до денот на влегување во сила на овој закон им престанал работниот однос согласно законите за служба во Армијата кои важеле во времето на остварување на правото на пензија.

Предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ има се што содржи и законот на СДСМ, но и многу повеќе од тоа, а сето тоа е од полза за припадниците на АРМ, кои го ризикуваат нивниот живот за татковината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.