Значи со Груби и Османи пописот на дијаспората се претвори во гнусна политичка кампања за мобилизирање Албанци да се попишат, коментира активистот Ивор Мицковски.

Според него, вакво политичко мешање и агитирање, користење на институции и позицијата, во суштина веќе го проблематизира пописот.

Ако се прави така, тогаш тоа требаше да е институционален пристап и да важи за сите етнички заедници.
Вака не наликува на статистичка операција, туку на партиска кампања со етнички предзнак и со злоупотреба и мешање на државни функционери, вели Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.